

Услугите за партнерите се наменети да им помогнат на партнерите на owpsee во претставувањето на нивната работа и организации, како и да ги направат подостапни за комуникација и вклучување во различните мрежи и интернет заедници. Овие услуги се бесплатни за сите партнерски организации и се една од причините да станете член на онлајн заедницата на owpsee. Тие услуги се:
- Порталот на owpsee, www.oneworldsee.org – Информативен портал ориентиран кон граѓанското општество со четири јазични изданија (јужнословенска група на јазици, македонски, албански и англиски јазик) кој им нуди на членовите/партнерите и придружните членови на мрежата на owpsee, како и на други заинтересирани организации и поединци единствен простор каде можат да објавуваат информации за своите организации и активности, да најдат информации за различни активности и организации од ЈИЕ и да се поврзат со други актери од граѓанското општество.
- датотека на партнерси, редовно ажурирана датотека на членовите, партнерите и придружните членови на мрежата на owpsee.
- блог страници на www.oneworldseepartner.org - нова услуга развиена од owpsee
- концетратор на ресурси
- мејлинг листи, организирани по област на интерест и работата со која се занимаваат членовите, партнерите и придружените членови на мрежата на owpsee
- newsletter
- партнерски страници/презентации, членовите и партнерите на мрежата на owpsee можат да добијат свои презентации интегрирани во порталот www.oneworldseepartner.org
- услуги што ги нудат неколку неависни платформи, како што се ict-policy.ba, kampanjainfo.org, travelingbalcans.net итн.